100 ГОДИНИ ПАРОХИЈА РАДОВО (од 02 до 05 октомври 2014)

Овогодишната Тродневница во чест на празникот Марија од Назарет, во црквата свети пророк Илија во Радово, ќе биде со заедничка молитвена намера: „За милосно измолување на вера во семејствата“. Како дел од молитвеното приклучување кон „Година на Семејството“ – 2014, која ја прогласи владиката д-р Киро Стојанов за цела Македонија и продолжување на веќе повеќегодишното поклонение кон нашата небесна мајка Марија од Назарет. Сето тоа збогатено со прославата 100 години парохија Радово.

Тродневницата во чест на Марија од Назарет е во прв ред лична молитва за сопствените потреби и лични прозби до Бога преку Марија, во молитвено заедништво со ближниот во трите дена пред празникот со заедничка намера.

Статуата Марија од Назарет во Македонија дојде во 1998 и се задржа од 26 септември до 10 октомври, а останазасекогаш во срцата на верниците. Од тогаш редовно во Радово во почетокот на октомври се одржува Тродневница (четврток, петок и сабота) во чест на Марија од Назарет, а неделата со завршувањето на Тродневницата се слави празникот.

Празникот Марија од Назарет е секогаш во неделата после Прв Петок во месец октомври.

Распоредот на чествувањето  Марија од Назарет, кој оваа година ќе се одржи по 17-ти пат, е следен:

Четврток 02.10.2014, 18,00 часот: Бројаница; Света Литургија; Благослов со св. Причастие; Наговор Отец д-р Зоран И. Стојанов, парох. Тема: Улогата на Црквата во историјата на парохијата. Молитви на Верните, под водство на о. Трајче Ташев, капелан.

Петок 03.10.2014, 18,00 часот: Света Литургија; Молебен до Пресвета Богородица; Наговор o. Протоереј ставрофор Ѓорги Трајков, катедрален парох во Струмица. Тема: Прв Петок во нашата црква. Молитви на Верните, под водство на о. Илија Стојанов, капелан.

Сабота 04.10.2014, 17,00 часот: Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учествуво на верници од сите возрасти и министрантите и децата од основно училиште и предшколска возраст со своите родители носејќи во рацете икони и знамиња. По патот молење на Бројаница. Враќање во црквата и света Литургија. Наговор Владиката. Тема Марија во нашиот живот. Кратка академија со PowerPoint презентација Радово низ слики. Презентирано од о. Оливер Тантушев, парох во Охрид и г-н Спасе Спасов, национален координатор на Македонски Каритас. Подела на Благодарници. Програмата ќе се реализира со учество на дипломираните богослови Ванчо Назов и Атанас Сирачев и повеќе млади и деца од парохијата.

Недела 05.10.2014, 10,00 часот: Света Бројаница; На крајот на Бројаницата Процесија со Марија од Назарет околу црковниот двор; Света Архиерејска Литургија веднаш по процесијата, ја предводи и проповеда Н.В.П. Д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија; Благослов за сите присутни. Заедничко Агапе.

За сите верници од цела Македонија – Преку сите денови за Тродневницата можност за Света Исповед. Доколку не сте спречени од некои неодложливи задолженија се препорачува секојдневно присуство на молитвата со можност за добивање посебни милости во овие денови на празникот Марија од Назарет.

Categories Новости | Tags: | Posted on December 5, 2014

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Leave a Reply

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856