ПОРАКА НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ФРАЊО

ЧЕТВРТИ  СВЕТСКИ ДЕН НА СИРОМАСИТЕ

15 ноември 2020

„Пружај ја раката своја кон сиромавиот“ (спр. Сир 7,35)

„Пружај ја раката своја кон сиромавиот“ (спр. Сир 7,35). Древната мудрост овие зборови ги постави како свето правило кое треба да се спроведува во животот. Денес тие зборови не изгубиле ништо од својата важност и значење и ни помагаат исто така да го насочиме погледот кон тоа што е важно и да ги надминеме бариерите на рамнодушноста. Сиромаштијата секогаш поприма различни лица, кои бараат да им се посвети внимание на секоја поединечна ситуација: во секоја од нив можеме да го сретнеме Господ Исус кој објави дека е присутен во своите најмали браќа (спр. Мт 25,40).

1. Да ја земеме во раце Книгата Мудрост Сирахова, една од книгите од Стариот Завет. Во неа ги наоѓаме зборовите на еден учител на мудроста кој живеел околу двесте години пред Христос. Тој беше во потрага на мудроста која ги прави луѓето подобри и способни за потемелно да ги согледат настаните на животот. Го направи тоа во момент на тешко искушение за Израилскиот народ, време на болка, на жалост и беда заради доминацијата на странски сили. Бидејќи бил човек со голема вера, вкоренет во традициите на своите предци, неговата прва мисла била да му се обрати на Бога за да Го замоли за дарот на Мудроста. И Господ не го лишел од Својата помош.

Уште од првите страници на книгата, Сирах ги изнесува своите совети кои се однесуваат за многу конкретни животни ситуации, а сиромаштијата е една од нив. Тој инсистита на тоа дека и во неволјата треба да имаме доверба во Бога: „Не збунувај се кога ќе бидеш посетен од Бога. Прилепи се до Него и не отстапувај, за да бидеш прославен во последниот ден. Примај со радост сѐ што и да ти се случи; биди трпелив во промените на твоето понижување, зашто, како што златото се испитува во оган, така Божјите избраници се проверуваат во фурната на понижувањето. [Во болеста и сиромаштијата доверу Му се Нему]. Верувај во Господа и Он ќе ти помогне; оди по прави патишта и надевај се на Него. Вие, што имате страв Господен, чекајте ја Неговоата милост; не оддалечувајте се од Него, за да не загинете“ (2,2-7)

2. Страница по страница, откриваме една драгоцена збирка на совети за тоа како да постапиме во светло на интимниот однос со Бога, творец и љубител на создаденото, праведен и грижлив кон сите свои деца. Сепак, постојаниот однос со Бога не го одвраќа погледот од конкретниот човек, туку напротив, тие две работи се тесно поврзани.

Јасно го покажува тоа пасусот од кој е превземен насловот за оваа Порака (спр 7, 31-39). Молитвата до Бога и солидарноста со сиромасите и оние кои страдаат се неразделиви. За да би му искажале почитување кое му е угодно на Господа, неопходно е да препознаеме дека секоја личност, дури и онаа најсиромашната и најпрезрената, во себе го носи втиснат Божјиот лик. Од таа свест произлегува дарот на божествениот благослов, кој се стекнува со великодушноста искажана кон сиромасите. Затоа, времето посветено за молитва никогаш не треба да стане  изговор за да би се занемарил ближниот во потреба. Туку токму спротивното: Господовиот благослов слегнува врз нас а молитвата ја постигнува својата цел кога се придружувани со служењето на сиромасите.

3. Ова древно учење колку е актуелно исто така и за нас! Всушност, Божјето Слово ги надминува просторот, времето, религиите и културите. Великодушноста, која ги поддржува слабите, ги теши натажените, го ублажува страданието, го враќа достоинството на оние кои се лишени од него, е услов за еден човечки живот во полнота. Изборот за да им се посвети внимание на сиромасите, на нивните многубројни и различни потреби, не може да биде условуван од времето кое го имаме на располагање или од приватните интереси, ниту пак од залудните пасторални или социјални проекти. Силата на Божјата милост не смее да се задуши заради нарцисоидната тенденција секогаш да се ставаме себеси на прво место.

Да се задржи погледот насочен кон сиромасите тешко е, но неопходно е повеќе од било кога ако сакаме да му дадеме вистинска насока на нашиот личен и социјален живот. Не се работи за трошење на многу зборови, туку пред сѐ да се потрудиме конкретно да го живееме животот, поттикнати од божествената љубов. Секоја година, со Светскиот Ден на Сиромасите, се враќам на оваа темелна реалност за животот на Црквата, бидејќи сиромасите се и секогаш ќе бидат со нас (спр. Ив 12,8) да ни помогнат да го прифатиме Христовото друштво во секојдневниот живот. – продолжува-

Фрањо

Categories Новости | Tags: | Posted on November 15, 2020

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Leave a Reply

Sorry, but you must be logged in to post a comment.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856