Свети Димитрија Солунски
Свети Димитрија Солунски — порочуен македонски маченик и светец од Солун, во почетокот на IV век.
Во средновековието станал еден од најславните „воени“ светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8 ноември (26 октомври), и уште е познат како Митровдеn.
Најстарите записи за животот на Св. Димитрија доаѓаат од IX век, иако има слики за неговите чуда уште од VII век.
Овој славен и чудотворен светител се родил во Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитрија бил син единец, така што бил воспитан со големо внимание. Татко му бил војвода солунски и кога умрел, Димитрија бил поставен за војвода, наместо неговиот татко. Кога го поставил за војвода, царот Максимијан особено му препорачал да ги гони и истребува христијаните во Солун. Но, Димитрија не само што не го послушал царот туку напротив, јавно го проповедал христијанството во Солун.