Прославен патрониот празник Свети Пророк Илија во Радово

Патрониот празник во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово, започна со всеноќно бдеење кое го предводеше о. д-р Зоран И. Стојанов, парох и декан, заедно со неговите соработници: о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов, на тоа му претходеше подготовка и света исповед за сите верници кои живеат постојано во Радово и оние што преку годината се наоѓаат раселени вон парохијата во Македонија и надвор од границите на нашата татковина. Во пресрет на празникот, односно последната недела пред празникот Свети Илија се служеше и свСветаЛитургија токму за верниците од Радово кои живеат вон парохијата.

На празникот Свети Илија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше Светата Архиерејска Литургија, заедно со свештенството од струмичко-скопската епархија, покрај домашниот парох: отец Зоран и неговите соработници о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов исто така сослужуваа и о. Марјан Ристов епархиски канцелар, о. Гоце Костов, парох во Свети Иван Крстител и директор на Радио Марија, о. Атанас Сирачев, о. Ѓорги Појразов, парох во Петралинци, о. Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија, дон Паво Шекерија, парох и декан во Скопје, Скопска бискупија, о. Владимир Симуновиќ, канцелар во Крижевската епархија и отец Саболшч Пап парох во Ениџе-Вардар.

Во својата проповед Неговото Преосвештенство на почетокот ги поздрави браќата свештеници, чесните сестри, присутните верници и оние што се наоѓаа на брановите на Радио Марија и им го честиташе празникот Свети Илија како и на оние кои имаат свој именден и продолжи:

„Кога влегов во оваа наша Црква, толку ми беше мило при душата, ја почувствував како мајка, која ги собира своите расфрлени деца по светот. Верувам дека и сите вие што сте присутни на оваа Света Литургија, а пред сѐ, вие што сте преку годината далеку од својот роден крај, доживувате радост во верата и мир во душата. Воедно, верувам, дека многумина од нас што сме во оваа парохија крстени и пораснати, со радост ќе се присетиме дека тука сме родени како деца Божји, дека тука станавме верници и дојдовме до самостоен живот. Многумина од нас со задовослтво ќе се присетиме на својата Прва Света Причест, како и оние дечиња што пред два дена за прв пат го примија Исуса во себе, додека други на своето Свето Венчание. Да ги обновиме сите тие спомени. Човек секогаш со радост се сеќава на сите доживеани спомени на својот пат кон верата“, – рече епископот Стојанов и продолжи: „Сепак, денес, нека моето основно слово биде за нашиот заштитник свети пророк Илија. Ќе прибегнеме кон него за посредување, ќе видиме во него модел на ревност за Бога, за Божјата кауза. Пред да се роди Исус, 800 години пред Христос, тој се јавува како повикан и испратен пророк. А пророк е човек кого Бог го вдахнува да ги зацврсти луѓето во верата, да ги насочи кон Божјиот пат и да им ги објави идните работи на луѓето. Тој говори, се зазема за Божјиот закон. А тој закон се тие истите Божји заповеди што и ние денес ги учиме на веронауката и треба да ги исполнуваме во животот. Тоа е Божјиот закон. Тој не само што е даден преку Мојсие, туку тоа е Божји закон што е втиснат во човечките, во нашите срца.
Божјиот закон е втиснат во човечкото срце. Човек тоа го носи во себе како нешто што го гони да оствари добро, да живее добро. Затоа Илија го упатува својот народ, а пред сѐ водителите на својот народ, да не одат по кривиот пат, да не го заведуваат народот. Илија, се уморил, му досадило, затоа што дожевеал дека луѓето се глуви на Божјото слово, тргнале да следат криви богови, се поклонуваат на секакви богови направени од нивните раце. Илија ги упатуваше да се вратат на вистинскиот Бог.

На гората Кармел Илија ги повикува паганските свештеници. Знаеме од Стариот завет, како се случила таа жртва, како е прикажан Јахве, вистинксиот Бог.

Илија кој толку држеше за Господа, изморен е и вели: Доста ми е, Господи! Зборував, молев, раскажував, тропав на врата. Кој од нас свештениците не би можел истото да го каже. Зборував, проповедував, учев, убедував, повторно глуви не можат да ме чујат. Како човек може да се чувствува во сето тоа, кога ќе не опфати умор и кога мислиме дека повеќе нема смисла човек да се бори. Како да се најде утеха, сила и извор?

Изворот на нашата надеж и нашата сила е во крсната вода, во Евхаристијата која ја примаме и од која живееме. За да бидеме со Божјиот дух, Божјиот закон, и денес ни треба пророкот Илија кој храбро ќе ни ја каже вистината, тоа што е Божјо, тоа што останува, што не умира, што трае. А јас би бил среќен, ако успеам и себе си и вас денес да ве предизвикам после оваа света Литургија, во нас има повеќе добрина, благородност, човечност, Божја љубов, повеќе почитување и исполнување на Божјите закони. Тогаш сигурно ќе поченеме да го менуваме и овој свет“, истакна бискупот Стојанов.

На крајот од светата Литургија беше благословено Агапето подготвено од црковниот одбор.

Ватикан њуз/к.мк

Categories Новости | Tags: | Posted on August 2, 2022

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Comments are closed.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856