Една година мошти на св. Апостол Јуда Тадеј и св. Катерина Сиенска во Радово
Денес 24.11.2020 во 18:00 часот со заедничка молитва во црквата ќе биде одбележана една година од доаѓањето на моштите на св. Апостол Јуда Тадеј и св. Катерина Сиенска, oткако архиеписокопот Цирил Васил му ги предаде моштите на епископот Стојанов. Моштите се вградени во уникатно направена трокрилна икона, на која во средина е прикажана Марија од Назарет, од левото крило на иконата е претставена света Катарина Сиенска, а на десното свети Апостол Јуда Тадеј, кога двете крила на иконата ќе се затворат се добива иконата Пресвета Богородица Утешителка – Паљурска. Денес моштите се во моштохранителницата.
Се замолуваат сите веници кои сакаат да дојдат на молитвата да ги почитуваат препораките за Ковид-19 што се поставени на влезот од црквата.
Leave a Reply
Sorry, but you must be logged in to post a comment.