Епископот Стојанов на вториот ден од Христовото воскресение служеше во парохијата „Свeти Пророк Илија“ во Радово

На Вториот ден од Христовото воскресение Н.В.П. монс. Стојанов служеше во Радово во сослужение со парохот и декан, протоереј ставрофор о. д-р Зоран Стојанов, парохиските викари о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов во присуство на чесните сестри Евхаристинки и мноштво верници кои ја исполнија Црквата до последно место.

Епископот Стојанов во својата пригодна проповед најнапред направи кратка ретроспектива од животот на Исус Христос разгледувајќи го патот што мораше да го помине Исус за да дојде до своето воскресение и истакна: „Овој пат на Исус до воскресението може да биде само разјаснување на патот на човекот кој води до неговото воскресение. Христовото воскресение е основата на нашата вера. Апостол Павле рекол: Акo Христос не воскреснеше, нашата вера ќе беше неоснована, залудна и бесмислена да живееме по неа.“

Во продолжение рече: „Од искуство знаеме: колку повеќе се стремиме нашиот живот да го направиме посличен на „животот на Исус“, толку повеќе нашиот животен крст е потежок и сличен со крстот на Исус. Знаеме колку е тешко да се следи Исус бидејќи ако ја сакаш вистината, тој што ја сака лагата те мрази; ако се спротивставиш на злото и не им ласкаш на гордите, таквите ќе ти приредат зло и ќе те клеветат пред другите; ако не се поистоветиш со оние неблагодарни луѓе кои само критикуваат сè, тие ќе се оддалечат од вас затоа што сте различни од нив; ако си активен човекољубец, ќе те прогласат за наивен; ако си скромен и повлечен, ќе ти кажат дека страдате од чувство на инфериорност; ако работите чесно и вредно, а Бог ве награди со радоста на успехот, ќе станете жртва на завист и злоба на вашите најблиски. Навистина, не е тешко да се види кој начин на живот му е потешко на човекот. Затоа апостол Павле повторно прекрасно вели: „Ако само во овој живот се надеваме на Христа, ние сме најсиромашни од сите луѓе“. Значи, дури после овој живот доаѓа што има смисла да се избере толку тежок пат, истакна епископ Стојанов.

„Исус воскресна во славен живот и вети дека ако нашиот живот е сличен на неговиот живот, Тој ќе не воскресне на нов живот во кој угнетените ќе ги воздигне, додека Вистината ќе ја замолчи невистината, а Правдата ќе ја исправи неправдата и Љубовта ќе ја разбие омразата“. Со овие зборови владиката Стојанов им го честиташе празникот на Христовото воскресение на сите присутни во Црквата како и на нивните најблиски и болните, сите да го почувствуаат Христовото воскресение, Неговата љубов и добрина, поздравувајќи ги со воскреснатиот поздрав: Христос воскресе!

Categories Новости | Tags: | Posted on April 27, 2022

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Comments are closed.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856