Велигденска честитка на бискупот Стојанов

Драги браќа и сестри!

Со одлука на папата Фрањо, минатата година на празникот Свети Јосиф, на 19 март 2021 година, започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни оваа година. Папата сака да нѐ поттикне дека во нашата пасторална посветеност секогаш го ставаме семејството во центарот на вниманието на Црквата и на општеството. Секое семејство треба да го почувствува живото присуство на Светото семејство од Назарет во својот дом, исполнувајќи ги секојдневните обврски и чувајќи ја семејната заедница со искрена и дарежлива љубов, секое семејство да биде извор на радост и покрај искушенијата и тешкотиите на кои наидува.

Во оваа време не можеме, а да не се осврнеме на страдањето и болката на народот на Украина. Браќа и сестри, вашето големо страдание, кое сега го поднесувате, наоѓа ехо во нашите срца. Сочувствуваме со сите луѓе кои страдаат, молејќи го Бога да им испрати утеха на ужалените, да им помогне на страдалниците да се издигнат од пепелта, да им даде вечен мир на починатите, додека на моќните и на иницијаторите на конфликтот да им го испрати својот Дух да го напуштат злото и да тргнат по патот на мирот и правдата. И во ова зло повторно се погодени семејствата кои плаќаат висока цена. Нека воскреснатиот Христос го избрка нивниот страв и нека ги зацврсти во верата дека Тој е единствениот вистински Пат, Вистина и Живот.

Секако, погледот да го насочиме кон нашите семејства овде во нашата татковина. Семејството е сржта на општеството и Црквата. Ако семејството во основата е здраво, тогаш ќе ни биде здраво и општеството и политиката, и Црквата и свештениците. Нека Бог им даде сила на сите семејства, особено на сопружниците, да го разберат автентичното значење на нивната заедница и љубов, сликата на љубовта меѓу Христос и неговата Црква.
Како христијани, да не се плашиме да го ставиме својот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Христовиот Крст кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир. Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. На сите им посакувам среќен Велигден!

Христос воскресе! Алилуја!

Ваш бискуп/епископ

+ Киро Стојанов

Categories Новости | Tags: | Posted on April 20, 2022

Social Networks: RSS Facebook Twitter Google del.icio.us Stumble Upon Digg Reddit

Comments are closed.

close window

Service Times & Directions

Weekend Masses in English

Saturday Morning: 8:00 am

Saturday Vigil: 4:30 pm

Sunday: 7:30 am, 9:00 am, 10:45 am,
12:30 pm, 5:30 pm

Weekend Masses In Español

Saturday Vigil: 6:15pm

Sunday: 9:00am, 7:15pm

Weekday Morning Masses

Monday, Tuesday, Thursday & Friday: 8:30 am

map
6654 Main Street
Wonderland, AK 45202
(513) 555-7856